27 C
Skopje
четврток, април 29, 2021
spot_img

Во Израел се откриени 41 случај на индискиот сој на коронавирусот, меѓу нив и вакцинирани

Во Израел се откриени 41 случај на индискиот сој на коронавирусот, од кои четири лица претходно биле вакцинирани, соопшти денеска Министерството за здравство на Израел.

Од вкупниот број заразени, 24 се вратиле од странство, додека 17 биле заразени во земјата, а не се сите случаи на пренесување поврзани со патници, објави Џерузалем пост.

Исто така, меѓу заразените има и пет деца, додаде Министерството за здравство.

Постојат стравувања дека овој сој може да биде делумно отпорен на вакцини, поради што главните челници на Министерството побараа владата да ги спречи Израелците да патуваат во Индија, но апелираа да се прекинат и доаѓањата од Индија, освен во ретки случаи.

Повеќето од заразените дошле во Израел од Индија, но некои дошле и од други земји.

Сите патници што слетале при пристигнувањето докажале дека се негативни на ковид-19.

Министерството за здравство соопшти дека сè уште нема јасни информации за последиците од индискиот сој врз вакцинираните лица или луѓето што оздравеле од вирусот.

Професорот Еран Сегал, биолог од научниот институт Вајцман, за израелскиот весник изјави дека е рано да се алармира јавноста за новиот сој.

Тој додаде дека вакцината на Фајзер најверојатно до одреден степен е ефикасна против индискиот сој, „затоа што клучните мутации на шилестиот протеин се познати и забележани и кај други соеви“.

„Веќе знаеме дека вакцините се ефикасни против нив. Значи, не можеме да бидеме потполно сигурни, но верувам дека е многу веројатно дека вакцините ќе бидат ефикасни против индискиот сој“, рече Сегал.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести