22 C
Skopje
четврток, април 29, 2021
spot_img

Венко Филипче: Освен британскиот сој друга мутација кај нас за сега нема

Се смирува епидемиолошката состојба со Ковид-19 и не е детектирана друга форма на вирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи во пресрет на велигденските празници граѓаните да бидат совесни и да ги почитуваат мерките.

Тоа што сега се случува, истакна министерот, оди во насока на смирување на епидемиолошката ситуација, а можност за прекршување на мерките и препораките имаше и досега има и од сега натаму. Значи тие посети во верски објекти, масовни собирања и тогаш кога не се дозволени во насока на прекршување се секогаш можни и секогаш од таму потекнуваат сите проблеми, во смисла на појава на мини кластери. Мора сите да сме свесни и со сопствeн пример, имајќи ја предвид сопствената одговорност, да постапиме така како што треба во рамки на ова што сега значи живот со мерки, препораки, превенција итн., изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по донацијата од Словачка на Клиниката за детски болести во Скопје. 

Според него, граѓаните мора да се свесни што треба да се прави, што не треба да се прави, како самите ќе придонесат за и понатаму епидемијата да спласнува, односно бројките да се намалуваат.

-Верските храмови се отворени, џамиите и црквите, и сега секојдневно ако има било какви служби итн. луѓето коишто не се придрждуваат до превентивнтие мерки и не водат сметка за заштита на сопственото здравје, се изложени на ризик. Не може секогаш Владата да каже и да бираме помеѓу тешки рестрикции или целосно отворање или нешто помеѓу, а граѓаните да не се вклучат самите со своите постапки и со сопствената одговорност. И тоа е суштината, дека треба да функционираме и да живееме, рече Филипче. 

Министерот за здравство потсети на учеството и на верските лидери на неколку заеднички состаноци и апелот верниците да се придржуваат до мерките или се што значи заштита на здравјето на граѓаните. 

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека освен британската кај нас не е детектирана друга мутација на вирусот.

-Меѓутоа, ако нешто е проширено веќе во европските земји и нема таму помеѓу тие европски земји никакви промени, тоа многу тешко ќе може да се спречи. И тука доаѓа во прв план одговорноста на граѓаните, каква и да е мутацијата, колку и да е пренослив тој сој на вирусот. Во таа смисла нема детектирано кај нас друга форма, освен британска, а тоа го покажуваат и последните анализи, на неколку недели ги прават анализите на геномот во двете  лаборатории. Така што остануваме на сегашните мерки, рече Филипче

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести