27 C
Skopje
четврток, април 29, 2021
spot_img

Бил Гејтс се приклучи на нова кампања на СЗО

Бил Гејтс е приклучи на нова кампања на СЗО за масовно собирање средства која има за цел да инспирира 50 милиони луѓе ширум светот да направат мали донации за Ковакс системот.

Акцијата се одвива како дел од меѓународните напори за еднаква дистрибуција на вакцини за коронавирус, објави АП.

Наречена „Go give one“ (Оди дади еден), кампањата ја започна Фондацијата на Светската здравствена организација, како и корпоративни, верски и светски лидери.

Првичните пари беа обезбедени од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Кампањата се очекува да донесе 3 милијарди долари за програмата Ковакс потребни за вакцинирање на најмалку 30 проценти од луѓето во 92 земји со ниски примања следната година.

Таа поддршка ќе дојде од донатори кои придонесуваат во кампањата, како и договори за поделба на трошоците.

Пред тоа, 6,3 милијарди долари дадени на Ковакс доаѓаа првенствено од владите на бројни земји, како и од СЗО, УНИЦЕФ и Коалицијата за борба против епидемијата.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести