23 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

Шумската полиција доби нови летни и зимски униформи

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво, се одржа прес – конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и Заменикот на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. На заедничката прес – конференција, тие известија за набавката на новите униформи за потребите на Шумската полиција.

Овластените службени лица во Шумската полиција, после цели 12 години добиваат нови униформи. Секој шумски полицаец, ќе добие по два сета зимска и два сета летна униформа, за чија набавка беше објавен тендер, врз основа на Правилникот за Униформата и видот на оружјето што го носат припадниците на Шумската полиција. Во наредните денови, новите униформи ќе бидат доставени до сите Шумско полициски станици  на ниво на цела држава.

Вредноста на набавката изнесува околу 10 милиони денари, средства кои се обезбедени од буџетот на МЗШВ. 

„Би сакал да напоменам дека, ние само ја спроведуваме нашата законска обврска која подразбира да се обезбедат сите услови за безбедност и здравје при работа на нашите вработени. Шумската полиција своите работни задачи ги извршува на терен, а една од мерките за заштита од ризик на работно место е да имаат соодветна лична работна опрема односно обувки и униформи. Денеска е Меѓународен ден за здравје и безбедност при работа. Мене ми е драго што токму на овој ден, ја промовираме новата униформа, која е изработена согласно стандардите на Европската унија како и меѓународните прописи во однос на дизајнот и производството, а посебно во однос на безбедноста и здравјето нa вработените“ изјави Хоџа. 

Тој додаде, дека неодамна беа набавени нови чизми, нешто кое исто така се реализираше за прв пат после 12 години и беше потпишан новиот Колективен догор, со кој платата на припадниците на Шумската полиција се зголеми за 30%. Исто така, министерот Хоџа го искажа своето очекување дека шумските полицајци и понатаму ќе вложуваат максимални напори во  борбата за сузбивање на организираните групи на дрвокрадци кои ги пустошат шумите,  бидејќи штетите кои тие ги прават не се мерат преку изречените казни, затоа што секое исечено дрво, влијае на многу генерации после нас. На крајот, министерот Хоџа  истакна дека силно верува во Шумската полиција и убеден е дека тие ќе продолжат да ги чуваат нашите шуми, со што прават едно поголемо добро за сите нас и за сите идни генерации.

Процесот за опремување на Шумската полиција со нови обувки и униформи, започнат е многу пред денешниот ден, како една од целите на поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, а се реализира сега.

„Ова се работи кои со години биле само на хартија и декларативно се промовирале, но сега стануваат реалност, заеднички работиме на зајаканување  на Шумската полиција, како сектор што е од исклучително значење за контролите со дивата сеча во шумите и заради зачувување на природните ресурси. Лично, особено ми е драго што се реализираат едни процеси кој ги започнав како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и кои сега во континуитет и непрекинато се спроведуваат. Овие активности, влијаат на зголемување на мотивираноста на шумските полицајци, како и нивната положба, со што ќе се придонесе и во борбата против нелегалната сеча и заштитата на нашите шуми“ изјави Вицепремиерот Николовски. Тој додаде дека борбата со корупцијата и криминалот е стратешка определба на оваа Влада и дека никој не е недопирлив. Тој искажа задоволство од работата на Шумската полиција и упати пофалби за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и за Секорот за шумска полиција, за заложбите и активностите што се преземаат за подобрување на условите за работа на вработените во Шумска полиција. 

За совесното и одговорно работење на шумските полицајци, секторот има и официјална потврда од Светската царинска организација и Интерпол. Бескомпромисната борба против организираниот криминал и нелегалната сеча, ќе продолжи со многу поинтензивни чекори, во кои активно и заеднички ќе бидат вклучени повеќе институции.

ВМРО-ДПМНЕ свесно ја кочи работата на Собранието, а потоа глуми загриженост за граѓаните и државата

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести