19 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

СТРАШНО: Пациентите лекувани од инфекцијата на коронавирус имаат зголемен ризик од развој на срцева слабост

Пациентите лекувани од инфекцијата на коронавирус имаат зголемен ризик од развој на срцева слабост за време на третманот.

Она кое е дополнително загрижувачки податок е дека и оние кои немаат историја на срцеви заболувања или кардиоваскуларен ризик сепак развиваат срцева слабост по лекувањето од коронавирус, покажуваат резултатите од новата американска студија.

Истражувачите од медицинското училиште „Монт Синај“ во Њујорк објавија во „Журнал“ на Американскиот колеџ за кардиологија дека, иако ваквите случаи се ретки, лекарите во ковид болници треба да размислат за ваква компликација.

Истражувањата покажуваат дека веројатноста за развој на срцева слабост е поголема кај хоспитализирани пациенти со коронавирус кои претходно имале кардиоваскуларни проблеми.

Истражувачите анализирале податоци од 6.439 пациенти со Ковид-19 во американските болници, со просечна возраст од 64 години, од кои 37 (0,6%) немале историја на срцева слабост за време на третманот со Квоид.

Од овие 37, осум (22%) немале претходна историја на кардиоваскуларни болести или кардиоваскуларни фактори на ризик, додека 14 имале историја на срцеви заболувања, но немале срцева слабост.

Конечно, 15 пациенти немаа срцеви заболувања, но забележан е барем еден кардиоваскуларен фактор на ризик.

Осум пациенти без историја или фактори на ризик биле помлади (средна возраст од 43 години), а повеќето од нив биле мажи кои немале проблем со прекумерна тежина. Пациенти со историја на болест или фактори на ризик биле во просек 73 години. Сите биле хоспитализирани во сличен временски период (просечно седум дена), а стапката на преживување им била слична.

Претходна студија од истиот тим открива дека пациентите со ковид-19 со веќе постоечка срцева слабост имаат скоро три пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани, но исто така и со скоро три пати поголем ризик од интубација и двојно поголем ризик од смрт, во споредба со оние кои не. биле заразени со вирусот корона.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести