19 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

Протекоа првите фотографии од снимањето на продолжението на серијата „Game of Thrones“ (ФОТО)

Официјално започна снимањето на продолжението на планетарно популарната серија „Game of Thrones“, а објавени се и првите фотографии од сетот.

Серијата „House of Dragons“, како што е најавено, ќе го следи времето пред настаните во серијата НВО, која за прв пат беше емитувана во 2011 година.

Новата серија ќе се занимава со семејството Таргариен, а првите снимки се снимаат во Северна Ирска.

Актерот Мет Смит и актерката Ема Дарси беа фотографирани за време на снимањето на сцената за првата половина од новата сезона на серијата.

Оригиналната серија „Game of Thrones“ наиде на критики по последната сезона и начинот на кој сценаристите одлучија да ја завршат приказната за која беше прикачен целиот свет, а емитувањето на „House of Dragons“ треба да започне во 2022 година.

Во новата серија ќе играат Педи Консидин, Оливија Кук, Мет Смит, Ема Д’Арси и Фабијан Франкел.

Сезоните ќе имаат по 10 епизоди, а Џорџ Р.Р. Мартин е коавтор и извршен продуцент на оваа серија.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести