19 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

Одлична вест: Вакцината на Фајзер ефикасно делува и против индиската мутација

Основачот и директорот на лабораторијата БиоНТек, Угур Сахин изјави денеска дека е уверен во ефикасноста на својата вакцина, која е развиена со американската компанија Фајзер, и против „индиската мутација“ на коронавирусот.

– Иако тестирањето е во тек, индиската мутација веќе ја проучувавме и нашата вакцина делува против неа, истакна Сахин на онлајн прес-конференција.

Тој нагласи дека БиоНТек ја тестирал својата вакцина на повеќе од 30 мутации на вирусот и секојпат е добиен барем „доволен имунолошки одговор“.

Варијантата В.1.617, која прво се појави во Индија, е откриена во најмалку 17 земји.Според податоците на Светската здравствена организација, меѓу земјите во кои е потврдено присуството на оваа мутација на вирусот, се и Велика Британија, САД, Белгија и Швајцарија.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести