15 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

Лекарски извештај: Смртта на Марадона е поради лекарска негрижа

Лекарите кои го лекуваа Диего Марадона може да бидат обвинети за убиство од небрежност. Ова стана јасно по медицинскиот извештај за случајот, во кој се нагласува дека аргентинската легенда не добила соодветна медицинска нега.

Диего Марадона почина од срцев удар на 25 октомври 2020 година, откако беше подложен на операција на мозокот за отстранување на тромб три недели порано. Медицинскиот извештај, кој го направи специјална комисија назначена од аргентинските власти, нагласува дека смртта на Марадона можела да биде избегната.

За аргентинската легенда се вели дека починал од претходно постоечко срцево заболување, но заклучокот е дека „небрежноста во третманот и грижата за пациентот влијаела на неговата смрт“. Комисијата соопшти дека лекарите не биле свесни за срцевите заболувања, пулмоналниот едем и акутната цироза.

Во моментов се водат истраги за седум лица.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести