23 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

КОСТАДИНОВ: ВМРО-ДПМНЕ свесно ја кочи работата на Собранието, а потоа глуми загриженост за граѓаните и државата

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Одговор1: Во однос на најавта за формирање на повеќе пратенички групи од страна на ВМРО-ДПМНЕ навистина кај мене и кај огромен дел од мнозинството граѓани навестува некаква најава за она што значеше 27 април 2017.
За жал таа режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ коешто уште е раководено од Никола Груевски не е излезена и не ме изненадува таквата најава особено после протестите каде што излегоа во знак на поддршка на луѓето којшто тие ги нарекуваат уставобранители а којшто всушност луѓе имавме можност да ги видиме ние граѓаните, да ги почувствувате вие новинарите, пратениците којшто беа дел од 27, собраниските служби и да не ги набројувам.
Истите тие во наводници уставобранители денеска од дел од медиумите имавме можност да слушнеме како коват план за ликвидација и тоа од затворот од тоа што можевме да го слушнеме.
Во таа смисла не ме изненадува иако како човек не можам, секако и како пратеник а де не бидам оптимист дека дури и во ВМРО-ДПМНЕ има прогресивни сили којшто ќе застанат на патот и ќе бидат пречка на ова раководство да не си ги реализира својте примарни цели а тоа е блокада на граѓаните и блокада на државата генерално.

Одговор2: Од самиот почеток настапите на ВМРО-ДПМНЕ ги гледаме и овде во Собранието ги гледате и вие новинарите а преку вас и граѓаните.
Зборуваше и претседателот на Собранието господинот Талат Џафери дека првичната можност беше промена на Деловникот. Со некакви чудни изговори ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше измената на Деловникот.
Ние имаме обврска како одговорни граѓани и како одговорни политичари да направиме се што е во рамки на Деловникот согласно сите протоколи за да го деблокираме Собранието. Тоа и се случи.
Собранието е деблокирано,најголем дел од пратениците се вакцинирани, со протоколите очекуваме бргу да се случи и ревакцинација и потоа да бидеме во долната сала за пленарни седници каде што ќе ги имаме неопходните услови за нормално од технички аспкет функцинирање и секако со тоа да продолжиме да работиме и носиме закони кои се важни за граѓаните.
Во однос на ВМРО-ДПМНЕ ќе повторам, блокадите се нивна примарна цел, тоа се гледа не само во учеството или неучеството на пленарни седници, тоа се гледа и преку функционирање на комисиите коишто се клучни за спроведување и изгласување на законите. Такви беа и законите од 39 та седница каде три од законите беа директно поврзани со справување со Ковид и особено важно за студентскиот оброк каде студентите ќе добиваа по 6000 денари, каде апсолутно деловничката можност со самото изгласување во прво читање, претседателот на Комисијата за финансирање е должен има обврски да ја свика комисијата, од завршување на сединицата и изгласување на законите во прво чиитање поврзани со законите за справување со ковид до ден денеска комисија немаме.
Петтиот пакет на економски мерки се кочеше 6 месеци заради блокирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ако ја следите работата на комисиите ќе се види дека се што е важно за граѓаните се кочи од два до три месеци за да после тоа од кога ќе се изгласа држат прес-конференции дека мерките се задоцнети. Тоа е нехумано однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, сепак сум оптимист дека шанса има а во моментот Собранието не е блокирано и не е исполнета нивната желба да се кочи се што е во интерес на граѓаните и јас сум уверен, ги уверувам и граѓаните дека тој принцип ќе остане согласно почитување на Деловникот од страна на претседателот на Собранието, тој ќе функционира.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести