23 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

ВУЧИЌ: Има луди глави кои велат дека не треба да се вакцинираме, а имаме вакцини на располагање

Имаме вакцини на располагање и треба да го искористиме тоа богатство. Сè уште имаме луди глави кои велат дека не треба да се вакцинираме. Мајка ми беше вакцинирана, а ако не, немаше шанса да преживее”, изјави српскиот претседател Александар Вучич, денеска откако а прими втората доза на вакцина.

Тој додаде дека зел личен пример за да објасни колку се важни вакцините и да спаси животи.

„Благодарам на сите што се тука, ја примив ревакцината и ништо не ме болеше како и првиот пат. Благодарам на д-р Слаѓана и Виолета, медицинската сестра. Би ги замолил сите да се вакцинираат, ништо не боли. Бидете внимателни со другите луѓе “, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека како Бога ги моли граѓаните да се вакцинираат, воедно и упати благодарност до Кина за поддршката.

Во Пуковац каде што ја прими втората доза, истакна дека  мал дел од популацијата е вакцинирана во таа област, но му било ветено дека тоа ќе се промени од следната недела.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести