15 C
Skopje
среда, април 28, 2021
spot_img

Американскиот Стејт департмент издаде предупредување до американските граѓани да го напуштат Авганистан

Американскиот Стејт департмент издаде предупредување до американските граѓани кои сакаат да го напуштат Авганистан да го сторат тоа што е можно поскоро.

Исто така, се наведува дека Американците треба да избегнуваат патување во таа земја поради COVID-19, криминал, тероризам, граѓански немири, киднапирања и вооружен конфликт.

Со тоа Авганистан е вклучен во највисокото предупредување на „ниво четири“, кое ги советува американските држави да не патуваат во таа земја.

Исто така, се наведува дека е наредена евакуација на мнозинството вработени во американската амбасада во Кабул и дека ќе биде многу тешко да се обезбеди соодветна поддршка на граѓаните на САД.

Патем, поради пандемијата COVID-19, Стејт департментот им препорача на своите граѓани да не патуваат во околу 80 проценти од земјите во светот.

Ново предупредување во врска со Авганистан доаѓа во време кога американската војска се повлекува од таа земја.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести