13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ХАОС ВО КОЧАНСКО: Тепачка помеѓу две лица, заврши со престрелка со пиштоли

Вербална расправија меѓу две лица што се случила вчера попладне во кочанското село Пантелеј довела до меѓусебна пресметка, при што е употребен и пиштол. Според првичните сознанија, а што ги потврди и СВР – Штип, од истрелот од огненото оружје нема повредени лица.

– На 26 април, околу 15: 30 часот во Полициската станица во Кочани е пријавено дека во дворното место од викендичка, сопственост на С.Г. од Кочани настанала физичка пресметка меѓу 61-годишниот З.Н. од селото Пантелеј и 24-годишниот А.Н. од Скопје. Притоа А.Н. испукал куршум од пиштол во вратата од викендичката, но нема повредени, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Заради расчистување на околностите што довеле до настанот, полициски службеници направиле увид на местото, а за случајот е известен и основниот јавен обвинител од Кочани, по што се очекуваат соодветни законски мерки.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести