15 C
Skopje
вторник, април 27, 2021
spot_img

Ни доаѓа Велики Четврток, денот кога се бојадисуваат првите јајца

Ни доаѓа Велики Четврток или шестиот ден од Страсната седмица, односно пет дена по Лазаровата сабота и четири по Цветници, според источното христијаноство, а според западното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.

Настаните што се случиле на Светиот и Велик Четврток: миењето на нозете на Апостолите од страна на Христа, Тајната Вечера, предавството на Јуда и христовата молитва во Гетсиманија, се најсилен израз, заедно со Крстот на Голгота, на божјото искупително дело за човекот. Преку овие четири Божествени настани допираме до смирената, пожртвувана, принесена и предадена љубов на нашиот Господ Исус Христос. Таа вечер во Ерусалим, кога светот спиел во своите домови, Спасителот, како човечка Личност и претставник на целото човештво, ја води последната битка со омразата, напуштеноста, осаменоста.

На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, уште се нарекува божјаче, и откако ќе се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Се чува цела година, до наредниот Велики Четврток, и само ова јајце не скапува! Останатите јаца се бојадисуваат во различни бои и на различни начини, а еве кои се значењата на боите на велигденските јајца.

Според христијанството се препорачува јајцата да се фарбаат во црвената боја која има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението. Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести