15 C
Skopje
вторник, април 27, 2021
spot_img

За првпат по ерата на Пандев и Мурињо: Интер веќе во недела може да го осигура скудетото!

Интер веќе во недела може и официјално да стане првак на Италија, да го освои скудетото и тоа по пауза од 11 години. Тоа ќе биде првиот трофеј на “неро-аѕурите“ по 2010 година, по ерата на Горан Пандев, тренерот Жозе Мурињо и сите останати мега – ѕвезди кои тогаш играа во Интер и во сезоната 2009/2010 освоија “триплета“.

Со оглед на предноста во Серија А што ја има Интер, прашање на ден е кога Конте и неговата чета ќе ја прослават титулата, но за да се случи во недела, ќе мора да се исполнат два услова.

Првиот услов е Интер да го победи Кротоне на гостувањето во сабота, а во недела Аталанта да не слави кај Сасуоло.

И тогаш се ќе биде готово, градот Милано, односно неговата црно – сина половина, по цели 11 години ќе “гори“.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести