21 C
Skopje
вторник, април 27, 2021
spot_img

Еве каде се е порнајдена корона во маркетите во Италија

Специјален оддел на италијанската полиција прегледа неколку илјади продавници за храна низ Италија со цел да провери дали има траги од COVID-19 на апаратите и уредите што најчесто се користат.

Присуството на „генетски материјал од вирусот корона“ е утврдено на количките и корпите што се користат во самопослугите, на банкоматите и на тастатурите на вагите, објави полицијата.

Поради непочитување на анти-ковидните мерки, нехигиенски услови, непочитување на растојанието помеѓу клиентите, недостаток на средства за дезинфекција, за 226 случаи беа издадени казни на лице место, 12 супермаркети веднаш беа затворени, а сопствениците беа казнети со парична казна

Полицијата запленила 2.000 килограми прехранбени производи затоа што немале етикета за потекло или не биле правилно складирани, што значи дека не биле за употреба.

Во сите продавници во Италија, бидејќи се во сила анти-ковидните мерки, задолжително е да се има рачно средство за дезинфекција на самиот влез, а во продавниците за самопослужување за дезинфекција на корпи и колички.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести