21 C
Skopje
вторник, април 27, 2021
spot_img

Германските банки ќе го ограничат износот на пари на сметките

Во наредниот период, германските банки можат да ги ограничат износите на пари што граѓаните можат да ги чуваат на своите сметки. Се шпекулира дека ограничувањето кај некои банки може да се спушти од дозволените 100 000 евра на 25 000, па дури и за воведување казнени каматни стапки.

За ова се зборува сè повеќе, бидејќи граѓаните на Германија заштедија огромни суми пари за време на пандемијата. Според „Deutsche Welle“, економската криза поради короната има парадоксална последица на прв поглед – многу германски граѓани имаат значително повеќе пари на својата сметка отколку пред една година.

Се наведува дека државниот институт од Келн пресметал како потрошувачите во оваа земја, минатата година, трошеле во просек најмалку 1.250 евра помалку за стока за широка потрошувачка. Според Bundesbank, од јануари 2020 година до јануари годинава, депозитите на домаќинствата во банките се зголемија за 182 милијарди евра. Во здравствената криза, значително помалку луѓе подигнаа готовина од банкоматите. Меѓу 1000 и 5000 банкомати на еден оператор во Германија веќе се затворени, а меѓу 200 и 300 се целосно демонтирани. Банките забележаа и значителен пад на побарувачката за готовина.

Трговијата со облека и обувки беше особено погодена, додека купувањето мебел и автомобили – за пет проценти во втората половина на годината. Економистите од институтот сметаат дека ова е одговор на клиентите на привремена мерка за намалување на данокот на додадена вредност.

До неодамна, европските земји се надеваа дека граѓаните ќе започнат да трошат рекордни заштеди и дека потрошувачката ќе започне да ги опоравува економиите, но тоа не се случи. Во Франција, заштедите се зголемија за 22 проценти, а раст е забележан и во Шпанија и Италија. Годината е скоро на половина и многу аналитичари не очекуваат значително подобрување на потрошувачката до крајот на 2021 година. Некои истражувања покажуваат дека потрошувачите направиле поголеми набавки на почетокот на пандемијата, како што се обновување на бели производи и мебел, и тоа е премногу да очекуваме дека повторно ќе го сторат тоа.

Истиот случај е со услугите и имајќи предвид дека навиките на потрошувачите драстично се променија за време на „заклучувањето“. Ројтерс известува за истражувањето на GFK, во кое се забележува дека оние со високи приходи заштедиле пари и дека е непознато како пандемијата ќе го трансформира однесувањето на потрошувачите на долг рок. Економските аналитичари предвидуваат дека личните трошоци нема да се вратат на нивото пред кризата пред крајот на 2022 година. Најважното прашање е сигурно колку долго ќе трае затворањето, бидејќи текот на пандемијата е сè уште непредвидлив.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести