15 C
Skopje
понеделник, април 26, 2021
spot_img

УБАВАТА ВОДИТЕЛКА ЕЛЕНА СТОЈАНОВСКА ЈА ПОКАЖА ПОМЛАДАТА СЕСТРА И СПОДЕЛИ ЕМОТИВНА ПОРАКА (фото)

Професионална, шармантна, позитивна и секогаш со најубавиот детаљ на себе – насмевката.

Вака накусо можеме да ја опишеме појавата на убавата ТВ и радио водителка Елена Стојановска која секојдневно ја гледаме на утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на телевизија Сител.

Елена е се почест корисник на социјалните мрежи каде не ретко споделува како професионални, така и детали од приватноста и секојдневието.

Викендов Елена на својот профил објави роденденска честитка посветена на нејзината помлада сестра Катерина Стојановска, која ја претстави пред своите следбеници на социјалните мрежи.

-Денес точно во 17.25, пред многу години на свет дојде Катерина. Беше слатко бебе и моја омилена играчка, навечер кога ми беше страв ме примасе да спијам во нејзиниот кревет, имам лузна на коленото кога ме погоди со лажица. Ми кажува најтајни тајни, секогаш е најпаметна и мора да е по нејзино! Би патувала со неа и на крај на светот, нема полуда тетка за Илина и мојот свет без неа,ќе беше празно место. Срекен роденден!

Од приложеното на профилот кај Елена, Кате освен роденденските честитки доби и грст комплименти на своја сметка, а ние само може да потврдиме дека мајката природа и секако гените биле дарежливи кон двете.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести