21 C
Skopje
понеделник, април 26, 2021
spot_img

Претседателот Пендаровски на средби со челниците на Европската Унија во Брисел

Претседателот Стево Пендаровски, на првиот ден од работната посета на Брисел, утре – 27 април 2021 година, вторник, ќе оствари средби со челниците на Европската Унија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук, како и со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

o   Агенда на активности

·        08:00 часот – Средба со Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји

·        09:15 часот – Средба со Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак

·        10:30 часот – Средба со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел

·        12:00 часот – Средба со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли

·        14:00 часот – Средба со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук

·        15:30 часот – Средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести