21 C
Skopje
понеделник, април 26, 2021
spot_img

Поминаа 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил (ВИДЕО)

Поминаа 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил, најлошата во историјата на човештвото, а Украинците сè уште го паметат тој настан.

Нуклеарен реактор број 4 во Чернобил, град 110 километри од главниот град Киев, експлодира и се запали ноќта на 26 април 1986 година. Токсични радиоактивни честички беа испуштени во атмосферата, а тогашните советски власти ја направија ситуацијата уште потешка бидејќи навеме не откриле што се случило, потсетува извештајот на АП.

Сепак, повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани од областа на Чернобил и беше воспоставена зона на контаминација на површина од над 2.500 квадратни километри.

  • Чернобил е место на трагедија и меморија, но исто така и место каде што можеме да разбереме како можат да се надминат последиците од таквата глобална катастрофа. Ние сакаме за Чернобил да се зборува во иднина не како зона на контаминација, туку како зона што е обновена и развиена, рече министерот за животна средина на Украина, Бохдан Боруховски и се залагаше за развој на туризмот во областа околу поранешната нуклеарна централа.
  • Нашата туристичка понуда е единствена и нова, бидејќи ова е место за размислување и увид во човечките грешки, но и на херојството со кое тие грешки беа исправени, истакна Боруховски. Иако нивото на радијација во областа околу Чернобил е доволно ниско и безбедно за посетителите, украинските власти сè уште не дозволуваат населување во таа област, но недалеку од поранешната нуклеарна централа, околу 100 луѓе живеат и денес.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести