15 C
Skopje
понеделник, април 26, 2021
spot_img

ОСКАРИ: „Номадленд“ е најдобар филм, Ентони Хопкинс и Франсис Мекдорманд добитници на Оскар за најдобри актери

Филмот „Номадленд“ беше прогласен за најдобар, а Клои Жао – за најдобра режисерка на синоќешното доделување на 93. Оскари, освојувајќи три големи награди на церемонија која се разликуваше од сите досегашни и се одржа два месеца подоцна од вообичаено.

Жао стана втора режисерка во историјата на Оскарите што ја доби златната статуетка – по Кетрин Бигалоу во 2009 година за „Шкафче на болката“.

Актерот Ентони Хопкинс доби „Оскар“ за главната улога во „Татко“, а Френсис Мекдормaнд – за „Номадленд“. За Хопкинс ова е втор Оскар по 29 години, кога доби за легендардната улога на Хектор Канибал (1991).

Од десетте номинации, „Менк“ освои само два оскара, за кинематографија и сценографија, најдобар странски филм е „Уште една тура“ од Данска, а најдобар документарец „Октоподот, мојот учител“ од Јужна Африка.

Ова се наградените со „Оскар“ за:

Адаптирано сценарио – „Надежна млада жена“ на Емералд Фенел (Promising Young Woman)

Оригинално сценарио – „Татко“ (The Father)

Интернационален филм – „Уште една рунда“ (Another round)

Актер во споредна улога – Даниел Калуја за „Јуда и црниот Месија“ (Judas and the Black Messiah)

Актерка во споредна улога – Ју Џунг Јун за „Минари“ (Minari)

Шминка и фризура – „Црната позадина на Ма Рејни“ (Ma Rainey’s Black Bottom)

Костимографија – „Црната позадина на Ма Рејни“

Режија – Клои Жао „Земја на номадите“ (Nomadland)

Звук и Филмска монтажа – „Звук на металот“ (Sound of metal)

Краток игран филм – „Двајца одалечени странци“ (Two Distant Strangers)

Краток анимиран филм – „Те сакам, и покрај се“

Долгометражен анимиран филм – „Душа“ (Soul)

Музика – „Душа“ (Soul)

Краткометражен документарец – „Колет“

Долгометражен документарец – „Мојот учител октопод“ (My Octopus Teacher)

Најдобри специјални ефекти – „Тенет“

Сценографија – „Манк“

Филмска фотографија – „Манк“

Најдобра песна – Fight for you на H.E.R (од филмот „Јуда и црниот Месија“)

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести