23 C
Skopje
понеделник, април 26, 2021
spot_img

МИЦЕВСКИ: Денеска власта го скрати правото на говор на опозицијата во Собранието

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, денеска од собраниската говорница, во врска со отфрлањето на пратениците на опозицијата да не можат да говорат на интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски, истакна дека ова е обид да се забрани и замолкне повторно опозицијата од страна на хибридниот режим кој е одлика на владеење на оваа власт.


-По отфрлањето на двете интерпелации онаа за Љупчо Николовски  и за Маричиќ, да се скрати правото на говор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, навика е веќе би рекол во ова Собрание авторитарно да се однесувате, последните ден од последната седница изминатава недела кога се дискутираше за Националниот парк Шар Планина како точка, пратеници кои не беа пријавени надвор од Деловникот дозволивте следниот ден на продолжат да зборуваат, критикуваше денеска пратеникот Мицевски.


-Само вие продолжете да ја замолчувате опозицијата, двете интерпелации ги тргнавте, а на оваа не дозволувате да зборуваме, ќе си го кажеме она што го имаме во реплики на колегите пратеници, немојте да мислите ќе ја замолчите опозицијата, посочи Мицевски.


Мицевски во процедурално истакна дека денеска пред пратениците се наоѓа целокупното работење на министерот Оливер Спасовски, со сите негови афери и скандали кои ги има откако раководи со министерството,  и не, граѓаните не уживаат доверба во МВР на Спасовски по лажните анекти  кои ги прави власта, туку сите меѓународни институции укажуваат дека власта треба да се справи со криминалот и корупцијата, чие откривање е работа на Спасовски.
-Не попусто хибридниот режим е ваша одлика и на вашето работење – заклучи Мицевски.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести