12 C
Skopje
понеделник, април 26, 2021
spot_img

Македонија во Букурешт ќе игра пред 24.000 гледачи?!

Убава вест од Букурешт во пресрет на стартот на ЕУРО 2020. Имено познато е дека на натпреварите кои ќе се играат на Националната Арена во главниот градна Романија, а ние играме два, можеше да има само по 12.000 гледачи или 25% од капацитет на Арената и тоа поради пандемијата која никако да ја откачиме.

Е сега челниците на Романската фудбалска федерација побарале од Минстерството за здравство на својата земја тој капацитет да се зголеми двојно, односно на мечевите на кои ќе игра и Македонија, да има 24.000 гледачи или трибините на Арената да бидат исполнети 50%. Секако дека ако ова се оствари, тогаш ќе има двојно повеќе наши македонски фанови во Букурешт кои ќе ја бодрат репрезентацијата на Македонија на лице место.

Инаку УЕФА им даде рок до среда на градовите домаќини на претстојното ЕУРО 2020, да се изјаснат околу тоа колку фанови ќе дозволат да бидат на стадионите за време на ЕП.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести