12 C
Skopje
понеделник, април 26, 2021
spot_img

Лидер на албанската опозиција Љуљзим Баша синојќа прогласи победа

Лидер на албанската опозиција Демократска партија Љуљзим Баша синојќа прогласил победа на опозицијата на парламентарните избори во Албанија, само два часа откако завршило гласањето.

“Победата е јасна! Им благодарам на сите граѓани кои гласаа за победа“, рекол Баша, пренесува Albanian dejli njuz.

“Верувам дека изборните комисии ќе го заокружат процесот на броење гласови со трпение, на база на законот“, нагласил Баша.

На изборите во Албанија регистрирани се две изборни коалиции, Демократската партија – Алијанса за промени со 13 пратеници, кој ја предводи Демократската партија на Албанија Љуљзим Баша, како и коалиција Алијанса за народно единство – Имиграција – Сат на надеж и конзервативци (АБЕОК) кои ја сочинуваат четири политички партии.

Спрема анкаетите за излезноста албанската телевизија Top čenel, владеачката Социјалистичката партија на Еди РАма води на изборите, со освоени 46,9 отсто, а опозициската Демократска парија на Љуљзим Баша на пат да биде на второ место, со 43,5 отсто гласови.

Излезните анкети покажуваат дека Движење на социјалисти за интеграција на претседателот Илир Мета ќе заземе трето место со 6,9 отсто освоени гласови.

Сите избирачки места затворени се во 19 часот, пренесува Танјуг.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести