12 C
Skopje
понеделник, април 26, 2021
spot_img

ЖАРЕ “ЕДЕН НА ЕДЕН” ВО “ЛАЗАРОВ ШОУ”: Со Апасиев никако не може да се договориме за интервју (видео)

Жарко Димитриоски, познат како ‘Жаре од Еден на Еден’ е гостинот кој оваа недела беше дел од „Лазаров Шоу”. Повозрасните го паметат по детските серии „Умни глави“ и „Големи и Мали“, на телевизија е од шестгодишна возраст, а веќе 12 сезони е фокусиран на ток-шоуто „Еден на еден“ и на неговата маркетинг-агенција. Токму затоа, човекот кој долги години е дел од шоу бизнисот е гостин во “Лазаров Шоу”.

Стефан и Жаре направија вистинска драма во новото издание на “Лазаров Шоу”, а се започна со еден телефонски разговор, кој кулминираше со “пресметка” во студиото. Поискусниот и помладиот водител дефинитивно ќе ве насмеат до солзи, а Жаре како ретко кога овој пат беше во улога на гостин и одговараше на многу прашања.

Жаре откри која е тајната за 12 сезони успешна забавна емисија на телевизија и колкав тим работи со него, откри и кој политичар е подобар гостин, но кажа и дека Димитар Апасиев е човекот со кој никако не може да се договорат за интервју. Стефан ексклузивно откри дека Апасиев е “таргет” за гостин и во “Лазаров Шоу” па испрати понуда до Жаре за трка кој прв ќе го донесе во своето шоу.

Која е најубавата гостинка во “еден на еден” , на кого Жаре никогаш повторно не би му направил интервју и многу други интересни прашања и одговори погледнете во “Лазаров Шоу”.

Секоја недела медиа.мк и најпопуларниот јутјубер Стефан Лазаров ви гарантираат многу забава, смеење, ексклузивни гости само на јутјуб каналот на Лазаров.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести