21 C
Skopje
понеделник, април 26, 2021
spot_img

Еве како изгледа ѓердан од шест милиони долари (ФОТО)

Американската актерка и пејачка Зендеја (24) е една од најфотографираните на синоќешните Оскари.

Не само затоа што убавата млада актерка е најмладата личност што добила Еми награда за најдобра актерка во драмска серија („Euforia“, 2019-денес) во која игра тинејџерка зависник од дрога, туку и поради посебните детали што ги носеше минатата ноќ.

Жолтиот фустан на Valentino беше украсен со дијаманти Bvlgari, вреден дури шест милиони долари. “Модата треба да биде фантазија. Таа ве носи во нешто сосема друго”, изјави претходно стилистот Лор Рох за британски „Vogue“, кој и помогна на Зендаја да се претвори од Дизни принцеза во холивудска sвезда.

Да потсетиме, стилистот Лу Рох ѝ помогна и на Селин Дион, кога по смртта на нејзиниот сопруг, започна да се опоравува и да се занимава со мода.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести