21 C
Skopje
недела, април 25, 2021
spot_img

ПРОТЕСТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27ми АПРИЛ: “Терористите од 2001 година се во собрание, патриотите во затвор”

„Нека разберат клетите душмани“,„Никогаш северна, само Македонија“, „Македонија, Македонија“ и пеење на песните „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, започна протестот со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април. На протестот се бараше и оставка на Владата.

Повеќе опозициски партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ како и  TMРО, Единствена Македонија, Интегра, Подем… го поддржаа протестот. Од протестот до претседателот на Македонија, до Собранието, Владата, до верските заедници во Македонија, до ОН, Советот на Европа, ЕУ, НАТО и ОБСЕ ќе биде испратена Декларација за слобода на уставобранителите.

„Слобода за македонските патриоти“, „Слобода за Горан Ангелов“, „Слобода за Игор Југ“ се само дел од транспарентите кои ги вејат присутните на протестите. Дел од нив ги носат македонското знаме и знамето од Вергина.

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Мирен протест под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите“ почна пред Владата, а ќе заврши пред Собранието.

Организаторите на протестот апелираат до сите учесници да се придржуваат на протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за „Крвавиот четврток“, односно упадот во Собранието. Апелација во февруари годинава казните ги намали и сите осудени добија вкупно 188 години затвор. Сите беа осудени поради тепањето и крвавите инциденти кои се случија.

На протестот се присутни водачи на политички партии, пратеници, професори.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести