13 C
Skopje
недела, април 25, 2021
spot_img

„Перез не е будала, Супер лигата не е мртва“

Поранешниот италијански фудбалер Кристијан Виери, коментираше околу најновите случувања во европскиот фудбал, и формирањето на т.н. „Супер лига“.

Тој изрази верување дека Супер Лигата еден ден ќе успее, без да потенцира кога ќе биде тоа.

„Клубовите направија многу грешки во комуникацијата. Но, Флорентино Перез не е будала, тој знае што сака, па дури и кога има несогласувања меѓу клубовите“, рече Виери и додаде:

„Големите не сакаат некој да управив со нивните пари. Врвните клубови немаат потреба од УЕФА да им го управува својот бизнис“, изјави Виери.

Сепак, во меѓуредови кажа дека и УЕФА и ФИФА не се „розови“.

„На секои две години некој од ФИФА или УЕФА е уапсен. Јас не сум го измислил ова, тоа е вест од медиумите“, рече Виери.

Убеден е дека Супер Лигата ќе се случи, и ќе продолжи.

„Сигурен сум дека ова не е мртво. Дека еден ден ќе се случи – ќе се случи“, смета Виери.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести