13 C
Skopje
недела, април 25, 2021
spot_img

Неколку илјади луѓе се собраа вчера во знак на протест против ограничувачките мерки во центарот на Лондон (ВИДЕО)

Неколку илјади луѓе се собраа вчера во знак на протест против ограничувачките мерки во центарот на Лондон, и покрај ограничувањата на масовните собири поради пандемијата COVID-19.

Организаторите го нарекоа митингот „Обединети за слободата“.

Демонстрантите сметаат дека ограничувачките мерки се непотребни и претставуваат кршење на човековите права. Тие се спротивставуваат на вакцинациите, носењето маски и таканаречените здравствени пасоши.

Според извештаите во медиумите, околу 10.000 луѓе протестираат, иако Митрополитен полицијата не ја потврди таа бројка.

Демонстрантите извикуваа слогани „Слобода“ и „Извадете ги маските“, а некои носеа и постери на кои пишуваше „Не за сертификатите за вакцини“ и „заклучувањето убива“. Повеќето од присутните беа без заштитна маска.

Портпарол на полицијата изјави дека немало апсења.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести