12 C
Skopje
недела, април 25, 2021
spot_img

ЗА ПРВ ПАТ ПО СМРТТА НА БАЛАШЕВИЌ СЕ ОБРАТИ СОПРУГАТА: Ви се обраќам во име на семејството..

Оливера Балашевиќ, сопругата на покојниот Ѓорѓе Балашевиќ, одржа емотивен говор по повод донацијата што ѝ ја дала на Академијата за уметности во Нови Сад.

Сопругата на покојниот уметник му предала на факултетот донација во аудио-видео опрема во износ од 3.668.550 динари.

Современата технологија ќе биде значаен придонес во наставната програма на оваа институција, каде што се школувале двајца членови на семејството Балашевиќ, ќерките Јелена и Јована.

Потресниот говор го одржала Оливера Балашевиќ во име на семејството, што воедно е нејзино прво појавување и јавно обраќање по заминувањето на „панонскиот морнар“.

„Ви се обраќам во име на семејството. Гледајќи во овие црвени затворени куфери, кои паметат среќни моменти и аплаузи низ целиот регион, помислив колку е чуден патот по кој се движиме. Од моите три деца, две беа образовани на оваа академија. На овој начин, сакаме да им се заблагодариме на драгите професори, Градот Нови Сад, граѓаните на Нови Сад и оние кои учествуваа на креативен начин на денот кога Ѓорѓе замина, кога нè напушти нас. Во овие денови, кои се непростливи тешки за моите деца и за мене, како родител сакам да ви се заблагодарам на овој начин. Пред академската реалност на која сме изложени јас и моето семејство, на некоја друга реалност што морам да ја споменам, како јавни личности, постојат одредени шпекулации на порталите и на маргините за некаква волја. И системот некаде не научи дека постои термин спор околу имотот. Моите деца и Академијата за уметности се на списокот на оние кои го наследуваат наследството“, рекла Оливера Балашевиќ.

Донираната опрема била искористена и за промовирање на филмот на Балашевиќ „Како раниот мраз“, кој се базираше на песната „Priča o Vasi Ladačkom“.

„Васа Ладачки беше за заљубен во убава, но сиромашна жена. Мојот Ѓорѓе до крајот беше заљубен во убава, но сиромашна и така ќе биде засекогаш. Ви благодарам“, заклучила таа.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести