12 C
Skopje
недела, април 25, 2021
spot_img

Време е за ОСКАРИ: Најексцентричните изданија што своевремено ја полудеа светската јавност

Тие ги поместија границите на модата и стилот и со тоа заминаа во историјата.
Оскарите годинава штотуку започнаа и сите со нетрпение ја очекуваме вечерашната церемонија. Организаторите на 93-та церемонија на Оскарите ќе се одржат на повеќе локации, вклучително и во Холивуд.

Со нетрпение чекаме да дознаеме кои sвезди ќе ја однесат златната статуа дома и кој филм ќе биде реализација на годината. Сепак, овој пат ќе се потсетиме на најинтересните модни изданија за кои сите сè уште зборуваме.

Протоколот и облеката на овогодинешната церемонија се јасни – модерни, инспиративни, но и амбициозни. Едвај чекаме да видиме долги луксузни фустани со принт на познати дизајнери, како и беспрекорни машки костуми со машна.

Иако „кодексот на облекување“ подразбира одредени правила кои се премолчено почитувани и имплицирани со децении, со други зборови, сè што е свечено и елегантно, низ историјата, на доделувањето имало и такви starsвезди кои целосно ги игнорирале ваквите барања.

5. Џанел Моне
Австралиската актерка, пејачка и раперка не остави рамнодушни кога се појави во долг сребрен фустан со качулка која е потпишана од Ралф Лорен. Многумина изјавуваат дека ова издание било многу смело, теаатрално и раскошно.

4. Гема Чан
Британската актерка и sвезда на филмот „Луди богати Азијци“ остана запаметена по луксузниот и многу импресивен фустан од луксузната модна куќа Валентино. Нејзиниот изглед, светло розевата боја, богатите набори и пристојниот накит беа дефинитивно темата на Оскарите во 2019 година.

3. Били Портер
Тој не шокираше сите, но воодушеви и во 2019 година во прекрасен, црн кадифе смокинг фустан на дизајнерот Кристијан Сириано. Тој ја носеше бараната комбинација како од шега, доминираше на црвениот тепих и го импресионираше целиот моден свет.

2. Селма Хајек
Симпатичната бринета предизвика збунетост кај гостите пред 3 години, затоа што се појави во многу смел, фустан од јоргована боја на фустан од модната куќа Гучи. Долгата креација со агли е дополнително украсена со дијамантски ѓердан кој паѓа и на рамената. На овој начин, убавата актерка се осигура дека ќе е забележана.

1. Шер
Апсолутна кралица на списокот е пејачката Шер, која на 58-то доделување на Оскарите дојде во неверојатна комбинација од два дела. Боб Меки дизајнираше црна, многу провокативна комбинација, која е честа тема во светот на модата и по скоро 35 години. Дополнително изненадување беше „украсот“ на главата, а многумина се согласија дека само Шер може да излезе во ваква креација.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести