20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

АПСОЛУТЕН ХИТ! Душица сакаше да биде кандидат за претседател на Србија, стана жртва на духови во Венеција (видео)

Ако до сега не знаевте која е Душица Младеновиќ Луна, сега е време да ја откриете и да се забавувате како со најдобрата комедија снимена досега.

Таа е поранешна учесничка во реалното шоу Парови, а ја планираше и својата кандидатура за претседател на Србија, од што се откажа.

Таа ја напушти Србија пред десет години, па со синот и ќерката се пресели од Крушевац, каде што живееше, во Лондон.

Покрај работата во Англија, Душица го активираше и својот канал на Јутјуб, а реченицата „Голем поздрав, драги пријатели“ стана полн погодок кај сите што ја следат.

Душица им дава совети на своите следачи како да се шминкаат и стилизираат, а исто така комуницирала со познати личности на виртуелен начин.

Но, овој пат беше поинаку.

„Сакам да ви кажам ужасна приказна од хотел во Венеција. Јас искусив сè во мојот живот, но сè уште не и ова. Веќе три ноќи нешто чука во нашата соба, нон-стоп чука. Вратите се отвораат и затвораат цела ноќ. Цела ноќ духовите скокаа врз нас од плакарот, нешто толку силно скокна врз мене минатата ноќ, што за малку не ме уби.

Слушнав како плаче бебе , не знам дали спиевме половина час. Најлошото е што минатата ноќ тој скокна од мојот плакар врз мене и моите нозе.

Дали сте имале искуство со духови во хотел?

Велат дека порано бил затвор. Не знам како ќе ја поминеме следната ноќ во хотелот. Расклимано столче цела ноќ некој го тресе. Нормално е духовите да живеат тука, никогаш порано не сум спиела со духови дома.

Тие се движат слободно, јас сум во страв. Кога ми скокна на нозе, не се осмелував да се движам, се движеше преку моите нозе цела ноќ. Драги пријатели, да знаете дека има духови во хотел во Венеција, спијат со вас, скокаат на вас… “, рече Луна на видеото.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести