15 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

Ќе ги “преживее” ли Еди Рама изборите во недела !?

Парламентарните избори во недела во Албанија се клучни за амбицијата на таа земја да се приклучи во ЕУ, и покрај засилена кампања обележана со вооружени конфликти со следбениците на опозициските партии.

Во средата, неколку дена пред парламентарните избори, во вооружен конфликт во Елбасан во близина на Тирана еден следбеник на социјалистите е убиен, а четири лица повредени.

Премиерот Еди Рама се бори за трет мандат, а неговите социјалисти се соочуваат со голем предизвик да се спротистави на на десетина партии обединети околу главната опозициска Демократска партија.

Политичарите од сите бои ги загрижува апатијата на гласачите во земјата во која губитниците по навика ги обвинуваат победниците за наместени избори, а кампањите редовно се обележани со лични пресметки.

Земја од 2.8 милиони народ е меѓу најсиромашните во Европа, а пандемијата дополнително ја влошила работата поради пад на приходите од туризмот.

Спрема анкетите, социјалистите имаат предност пред опозициските партии, но последните неколку дена ќе “бидат одлучувачки“ кога неопределените гласачи ќе одлучуваат за кого ќе гласаат, смета политичкиот кометратор Луфти Дервиши.

Сите партии тврдат дека се проевропски, а Рама посебно се потпира на масовната кампања за вакцинација и ветува дека до крај на јуни ќе бидат вакцинирани 500.000 луѓе.

Исто така порачува дека ќе ги доврши инфраструктните проекти кои се прекинти поради пандемија како и тоа дека ќе обнови илјада куќи уништени од земјотерсот во 2019.

Опозиционерите се фокусирани на оживување на правдата како и подршка на мали и средни бизниси.
Поради острите реторики меѓу политичките протагонисти пратениците на ЕУ повикале на кампања “без провокации и говор на омраза“.

Избирачките места се затвораат во недела во 19 часот, целосни резултати се очекуваат за неколку дена.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести