12 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

СТРАШНО: МУТИРАНИОТ ИНДИСКИ ВИРУС СТИГНА И ВО ШВАЈЦАРИЈА

Првиот случај на индискиот вид на коронавирус, за кој се верува дека придонел за голем скок на бројот на заразени лица во Индија, е регистриран во Швајцарија, објавија денес здравствените власти на таа земја.

  • Првиот случај на индиски сој COVID-19 е откриен во Швајцарија, се вели во пораката на Швајцарската федерална служба за јавно здравје на Twitter.

Случајот, наводно, бил утврден во случај на лице кое било во транзит на еден од швајцарските аеродроми.

Поради оваа нова индиска мутација на вирусот корона, Германија ја стави Индија во зона со висок ризик и од неделата воведува ограничувања за патување од Индија. Слични мерки презедоа и други земји како Велика Британија, Канада и Кувајт.

Индија денес постави нов рекорд за дневен број на новоинфицирани со COVID-19, повеќе од 346.000, додека владата се бори да ги снабди кислород болниците преоптоварени со стотиците илјади нови случаи.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести