12 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

Русија се затвара на 10 дена поради пандемијата

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека има намера да прогласи 10 неработни дена со цел да ја стави под контрола пандемијата на коронарниот вирус во таа земја.

Според АФП, но и според некои руски медиуми, претседателот на Русија се согласил да го продолжи бројот на неработни денови околу 1 мај за два, за Русите да одат на принудни одмори.

  • Ако сметате дека е потребно, јас ќе го потпишам указот денес, рече тој во телевизиска дебата, одговарајќи на прашање на шефот на руската здравствена агенција, кој смета дека ова ќе овозможи стабилизирање на пандемијата.

„Siberia Times“ наведува дека принудните одмори започнуваат на 1 мај и ќе траат до 11 мај, кои треба да работат.

Предлогот го даде директорката на Федералната служба за заштита на потрошувачите и социјални работи, Ана Попова.

Светските медиуми наведуваат и дека Русија преку официјални канали објавува дека бројот на нови пациенти во земјата е под контрола, како и дека е низок во однос на вкупниот број на жители.

Сепак, медиумите кои се наклонети на опозицијата, наведуваат дека ситуацијата е многу полоша отколку што е официјално претставена, а како доказ за тоа, тие се повикуваат на се почестите изјави на градоначалникот на Москва, кој вели дека бројот на ново инфицирани во Москва постојано се зголемува.

Путин во средата рече дека планира во земјата да се постигне колективен имунитет на есен, поздравувајќи го во својот голем годишен говор научниот „чекор напред“ на неговата земја во развојот на три вакцини против COVID-19.

Но, вакцинацијата напредува полека, бидејќи Русите се полни со недоверба кон вакцините.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести