12 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

Поднесено е обвинение против поранешниот велшки фудбалер и селектор на националниот тим Рајан Гигс

Поднесено е обвинение против поранешниот велшки фудбалер и селектор на националниот тим Рајан Гигс.

Гигс е обвинет за физички напад врз две жени во Салфорд во ноември 2020 година.
Тој е обвинет и за неконтролирано и насилно однесување во периодот од 2017 до 2020 година.

Судењето за Рајан Гигс започнува на 28 април во Манчестер.

Гигс беше уапсен на 1 ноември 2020 година, кога полицијата во Манчестер доби повик од жена, која испадна дека е неговата девојка, која пријавила физичко насилство на нејзината адреса.

Славниот фудбалер на Манчестер Јунајтед нема да ја предводи репрезентацијата на Велс на Европското првенство.

Него ќе го замени неговиот помошник Роберт Пејџ.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести