15 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ! ХАОС ВО “ЛАЗАРОВ ШОУ”, ЖАРЕ ГО НАПАДНА СТЕФАН (видео)

Се започна од еден телефонски разговор кој дефинитивно не помина мирно, а популарниот водител Жарко Димитриоски, познат како “Жаре еден на еден”, фуриозно пристигна во студиото на “Лазаров Шоу”. Драмата која што следеше дефинитивно го фати Стефан Лазаров неспремен, а што понатаму се случуваше не пропуштајте да погледнете во недела во 20:00 часот само на јутјуб каналот на Лазаров.

Жаре кариерата ја започна како член на детското драмско студио на националниот сервис. Повозрасните го паметат по детските серии „Умни глави“ и „Големи и Мали“, на телевизија е од шестгодишна возраст, а веќе 12 сезони е фокусиран на ток-шоуто „Еден на еден“ и на неговата маркетинг-агенција. Токму затоа, човекот кој долги години е дел од шоу бизнисот е гостин во “Лазаров Шоу”.

Очекувајте многу смеење, забава, интересни прашања и по некоја “искра” помеѓу домаќинот и гостинот. Искуството беше на страната на Жаре, но како се снајде во рубриката “Луто пиперче” ќе дознаете во недела во 20:00 часот.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести