12 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

Корона вирусот стигна и до Монт Еверест

Норвешкиот алпинист Ерланд Нес стана првата личност која е позитивно тестирана за COVID-19 во базниот камп на Монт Еверест, а тоа се заканува да ја загрози сезоната за искачување во Непал, која трае до мај.

Нес за АП изјави дека бил позитивен на COVID-19 тестот на 15 април, кога бил префрлен во болница во Катманду, и дека новиот тест бил негативен во четвртокот и дека сега престојува во локално семејство во Непал.

Австриецот Лукас Фуртенбах, кој е водич за планинарите, предупреди дека вирусот може да се прошири меѓу стотици други алпинисти, водичи и помагачи во базниот камп Еверест, доколку сите не бидат тестирани веднаш и не се преземат мерки за безбедност, што може да влијае на ненавремено завршување сезоната на искачување.

Фуртенбах, кој предводи тим од 18 алпинисти на Еверест и соседниот врв Лока, рече дека на планината може да има повеќе од еден случај, бидејќи Норвежанецот живеел со неколку други планинари со недели.

Непалски планинарски службеник негираше дека во моментов има активни случаи меѓу алпинисти, а алпинизмот веќе беше суспендиран минатата година поради пандемија, а алпинистите се вратија на Еверест оваа година за прв пат од мај 2019 година.

Популарната пролетна искачувачка сезона во Непал, која има осум највисоки врвови во светот, започна во март и завршува во мај.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести