10 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

КОНЕЧНО ОТКРИЕНО КАКО АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ГО ЗАВЕДЕ БРЕД ПИТ: Ја соблече сценската облека и гола скокна во креветот со него… (фото)

Она кое досега беше познато е дека Бред и Анџелина се вљубија во текот на снимањето на филмот „Господин и Госпоѓа Смит“, иако на почетокот ги негираа озборувањата.

Имено тие тврдеа дека се само пријатели, со оглед дека Бред во тоа време беше во брак со Џенифер Анистон, но веќе во првото големо интервју за нивниот однос, Анџелина изјави дека нивните деца ќе можат да го гледаат филмот кој е сниман додека нивните родители се вљубувале.

А како сè почнало се дозна дури сега, кога за американските медиуми прозборе Марк Бехар, поранешниот телохранител на актерката.

Тој изјави дека хемијата меѓу актерите на сетот за филмот „Господин и госпоѓа Смит“ била неверојатна и откри некои шокантни детали. Според неговото тврдење тој неколку пати ги затекнувал во приколките како се галат и флертуваат, а од самиот почеток било повеќе од јасно што се случува меѓу нив двајца.

Според него, Анџелина имала добро разработен план како да го заведе Бред.

Имено во текот на една љубовна сцена таа носела долна облека во бледо-розова боја, која неочекувано ја соблекла.

– На крај ја соблече сценската облека и гола скокна во креветот со него. По тоа ќе го паметам овој филм – изјави Марк за еден американски весник.

attends the Oscars held at Hollywood & Highland Center on March 2, 2014 in Hollywood, California.

Бред опуштено уживал во сè, а според пишувањето на медиумите, тој ја прифатил улогата во филмот откако дознал дека партнерка ќе му биде Џоли.

По снимањето тој веднаш се разведе од Анистон и се ожени со Анџелина со која добија пет деца, три пати биолошки и два пати со посвојување, а воедно Бред го посвои Медокс, првиот син на Анџелина.

Тие беа во брак до 2016 година, кога го најавија својот развод кој сè уште не е завршен и секојдневно излегуваат се дознаваат нови шокантни детали од нивниот живот. Досега Анџелна го обвини Бред за алкохолизам, семејно насилство и неверство. А воедно трае борбата и за старателство над децата, кое таа сака да го добие целосно.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести