12 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

Илјадници Ерменци со факели и тапани се сеќаваат на жртвите од геноцидот направен од Отоманската империја

Скоро 10.000 луѓе се собраа вчера вечер во Ереван во пресрет на годишнината од масакрот во Ерменија за време на Отоманската империја во 1915 година, масакр што американскиот претседател Џозеф Бајден може да го признае како геноцид.

Собраните носејќи факели, тргнаа кон центарот на градот до споменикот на жртвите од масакрот. Некои пееја патриотски песни на звукот на тапани.

Активисти на националистичките и опозиционите партии на Ерменската револуционерна федерација, кои ја предводеа поворката, го запалија турското и азербејџанското знаме поради неодамнешниот конфликт во спорната област Нагоро-Карабах.

Денот на сеќавање на жртвите денес официјално ќе биде одбележан во Ерменија. Околу 30 земји го признаа масакрот како геноцид, а се очекува и Бајден да го стори истото.

Турција и Ерменија се во расправија околу масакрот од неколку стотици илјади Ерменци за време на Отоманската империја во Првата светска војна. Ерменија смета дека масакрот е геноцид, додека Турција тоа жестоко го отфрла, тврдејќи дека бројот на мртви е претеран.

Историчарите проценуваат дека 1,5 милиони Ерменци биле убиени во Отоманската империја за време на и по Првата светска војна, што експертите го сметаат за прв геноцид во 20 век.

Наследничката на империјата, Турската Република, прогласена во 1923 година, негира дека станува збор за геноцид, но дека тие биле само жртви на граѓанска војна и немири за време на распадот на Отоманската империја, чиј број бил претеран и дека смртни случаи имало на обете страни.

Турција соопшти дека во тоа време починале меѓу 250.000 и 500.000 луѓе.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести