12 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

Илон Маск понуди награда од 100 милиони долари, еве што треба да направите за да ги освоите

Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск понуди награда од 100 милиони долари на оној кој ќ смисли начин за борба против климатските промени со отстранување на јаглеродниот диоксид од атмосферата и океаните.

-Во моментов имаме само една планета! Дури и ако имаме 0,1 посто шанса за катастрофа, зошто да ризикуваме? Лудо е!“, рече Маск, сопственик на производителот на автомобили Тесла.

Маск ја најави наградата од 100 милиони долари уште во јануари, а во четвртокот, на Денот на планетата Земја, објави инструкции за натпреварот.

Организаторите го нарекуваат натпреварот „најголема стимулативна награда во историјата“ и ќе трае четири години, до Денот на планетата Земја 2025 година.

„Фаќањето“ јаглерод и неговото складирање добиваат сè поголемо внимание од истражувачите, во време кога поради климатските промени се топат глечерите, се интензивираат тропските бури и сè поголем е бројот на топлотни удари.

Светските држави работат на намалување на емисиите на јаглерод, но научниците истакнуваат дека во патот до целта за нулта стапка емисии до 2050 година, многу важна улога ќе има и технологијата за отстранување на јаглеродот од атмосферата.

„Во предвид ќе бидат земени и трошоците и можноста за надградба. Дали ќе се отстрани доволно јаглерод и дали можеме да си го дозволиме тоа како цивилизација? Ова се работи што се важни“, рече Маск во видео пораката во која стои бос, опкружен со дрвја.

Проектите за отстранување на јаглерод веќе добија поддршка од стартап компаниите од Силиконската долина, јавните службеници загрижени поради бавното намалување на емисиите, но и компаниите со високи емисии на гасови кои се заинтересирани за нивно намалување.

Оваа технологија сè уште не е комерцијално исплатлива. Отстранувањето јаглерод може да чини повеќе од 300 долари по тон јаглерод, во свет кој годишно произведува 50 милијарди тони јаглерод диоксид. Научниците проценуваат дека 10 милијарди тони јаглерод ќе треба да се отстранат до 2050 година, пишува Ројтерс.

„Мислам дека тоа е една од оние работи за кои е потребно време да се најде вистинското решение“, рече Маск.

„И особено да се дознае кое е најдоброто економско решение за отстранување на СО2“.

Натпреварот на Маск „Експрајз Карбон римувал“ има за цел да најде решение за отстранување на илјадници тони од атмосферата годишно, со потенцијал за надградба.

Оние кои ќе аплицираат мора да имаат план за отстранување на јаглерод долг најмалку сто години. Организаторите најавија дека ќе ги разгледаат апликациите до средината на мај.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести