12 C
Skopje
сабота, април 24, 2021
spot_img

Еве кои вакцини се безбедни за бремени жени

Бремени жени можат да се вакцинираат против ковид-19, соопшти Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), давајќи зелено светло за она што голем број идни мајки со месеци го очекуваа.

Препораката следува по објавувањето на прелиминарните податоци од големо истражување на ЦДЦ, кои сугерираат дека вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и на „Модерна“ се безбедии и ефективни за трудници. Во истражувањето учествувале 34.000 трудници.

„Уште поважно, не се утврдени никакви безбедносни грижи за жени кои се во третото тримесечје од бременоста, ниту за нивните бебиња. Затоа препорачуваме бремени жени да се вакцинираат против ковид-19“, изјави директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, на брифингот во Белата куќа.

Ова следува по неколку месеци конфузија и сомнежи околу тоа дали бремени жени смеат да се вакцинираат против ковид-19. ЦДЦ и Американскиот колеџ за акушерство и гинекологија претходно кажаа дека трудници можат да се вакцинираат ако сакаат, за што прво треба да разговараат со својот лекар, но не дадоа јасна препорака.

„Фајзер“ и „Модерна“ во прв момент не вклучија трудници во клиничките тестирања на своите вакцини, па и податоците за нивната безбедност за трудници и бебиња беа ограничени.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести