10 C
Skopje
петок, април 23, 2021
spot_img

163 сообраќајни прекршоци во Скопје, 73 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, осум за возење без возачка дозвола, две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, две за мининување на затворен сигнал (црвено светло) и 47 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести