13 C
Skopje
петок, април 23, 2021
spot_img

СТРАШНО: Сојот што буквално ја уништува Индија пристигна и во Европа ?!

Варијантата на COVID-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија од група индиски студенти кои пристигнале од Париз, објавија белгиските власти.

Група од 20 студенти беше ставена во карантин на северот на Белгија, каде што дојдоа на курсот во средината на април, пренесува „Guardian“.

Неколку експерти сугерираат дека тие можеби биле жртви на „супер-заразен“ член на нивната група или друг патник во автобус што ги донел од Париз во Белгија.

“Овие студенти ја почитуваа строгата изолација уште од нивното пристигнување. Од 43 студенти, 20 се заразени со индискиот сој, порача микробиологот Емануел Андре од Католичкиот универзитет во Левен на Twitter.

Групата слета во Париз на 12 април.

Неколку студенти почнаа да покажуваат симптоми на вирусот пет дена подоцна, рече вирусологот Марк ван Ранст. Варијантата В.1.617 веќе се појави на други места, вклучувајќи ги САД, Австралија, Израел и Сингапур, според „Guardian“.

Да потсетиме, над 300 000 нови случаи на заболување се регистрираат во Индија секој ден, а бројот на починати е и илјадници. Болниците се полни, нема кислород, нема медицински персонал, а крематориумите работат нон-стоп.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести