9 C
Skopje
петок, април 23, 2021
spot_img

Огнен Здравковски емотивно раскажа за советите од својот вујко Зоран Џорлев (видео)

Младиот пејач Огнен Здравковски деновиве се пофали нов проект. Всушност се работи за кавер на песната „Душо моја“ која ја снимил уште пред крајот на минатата година, а е во оригинална изведба на Кемал Монтено.Вели, песната ја отпеал онака од душа, без некој посебен повод, а решил да ја сподели со јавноста откако најубавиот комплимент за изведбата го добил од својот вујко Зоран Џорлев. Вели, едноставно сакал да го послуша својот вујко, виртузот на виолина, кој, за жал, ја загуби битката со короната.

– Новиот аранжман го направи Александар Тарабунов, а видеото е на Зоран Зонде Стојановски. Во декември снимив аудио за песната и во истиот момент му го пратив на вујко ми за да слушне и да ми даде совет и критика… Веднаш штом му ја пратив на вибер ја ислуша и ми се јави и ми кажа дека е наежен од глава до пети, ми рече исто како да го слушал Кемал да ја пее и дека сум го вратил 20 години назад во времето. Ми рече веднаш да ја извадам бидејќи многу ми лежела и имала премногу емоција… Едноставно морав да го послушам, вели Огнен.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести