14 C
Skopje
петок, април 23, 2021
spot_img

Нова анкета за Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС

📌За која партија би гласале на локалните избори?
0,8 процентни поени предност за ВМРО-ДПМНЕ – 22,4%, наспроти 21,6% за СДСМ. ДУИ (8,0%), Алијанса за Албанците 6,2%, Левица 5,2%. За некоја од другите партии – 2,7% . Нема да гласаат, ќе излезат ама ќе го поништат ливчето е 18,1%, а не знаат или одбиле да одговорат 15,9%. Или вкупно една третина или 34,0% е неизвесно за кого ќе гласаат

📌 На отврена листа, Митко Јанчев, избиран како најдобар градоначалмник- 10,5% . А потоа се Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на Гостивар, а трет е Максим Димитриевски. На следните три места се Теута Арифи (Тетово), Висар Ганиу (Чаир) и Петре Шилегов (Скопје) за кои се изјасниле 3,5% односно 3,3% и 3,2%, .

📍
Гледано од аспект на симпатизерите на политичките партии, симпатизерите на СДСМ најчесто се изјаснувале за Максим Димитриевски (9,9%), потоа за Коста Јаневски (7,7%), а на трето место е Митко Јанчев (5,0%) кој на претходните избори беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. По 4,4% од испитаниците се изјасниле за Петре Шилегов и Стефан Богоев, а 3,9% за Саша Богдановиќ

📍
Четвртина од оние на ВМРО-ДПМНЕ (26,6%) се изјасниле за Митко Јанчев, а Максим Димитриевски, кој на претходните избори беше кандидат на СДСМ и Борче Митевски, кандидат на ВМРОДПМНЕ добиле ист број гласови односно 9,6%. Поддршката за градоначалникот на Скопје е 2,8%.

👉Етничките Македонци најчесто ги препознавале како најдобри градоначалници Митко Јанчев (14,8%) и Максим Димитриевски (7,6%), а потоа Петре Шилегов (3,5%), Борче Митевски (3,5%), Коста Јаневски (3,3%) и Стефан Богоев (3,1%).

👉За четвртина од етничките Албанци (25,7%) најдобар градоначалник е Арен Таравари, а потоа се Теута Арифи (13,7%) и Висар Ганиу (11,6%).

👉Припадниците на другите заедници, најчесто се изјаснувале за Максим Димитриевски (15,2%), потоа за Стефан Богоев (6,1%), Петре Шилегов, Висар Ганиу, Митко Јанчев и Арбен Таравари, сите по 4,5%.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести