11 C
Skopje
петок, април 23, 2021
spot_img

ДАЛИ УЕФА ГИ ИСФРЛА РЕАЛ И ЈУВЕНТУС ОД ЕВРОПА?!

Организацијата на европскиот фудбал, УЕФА, заседава денес.

Се шпекулира дека може да следат драконски казни за Реал и Јувентус, водачите на бунтот.

Според шпанските медиуми, една од идеите е Реал веднаш да биде елиминиран без борба во полуфиналето од Лигата на шампионите, но ќе биде тешко да се добие поддршка бидејќи регуларноста на натпреварувањето би била нарушена.

Втората, поверојатна опција е бунтовниците на целиот проект, Реал и Јувентус да бидат протеран од Европа на една година.

Навистина е тешко да се замисли каков удар би имала одлуката за овие два клуба во финансиска и во која било друга смисла.

Се шпекулира дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е понаклонет кон оваа втора опција.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести