11 C
Skopje
петок, април 23, 2021
spot_img

Бил Гејтс : Светот не се подготвил за пандемијата на корона вирусот, дури ни близу до потребното

Милијардерот Бил Гејтс проценил дека „светот не се подготвил за пандемијата на коронарниот вирус, дури ни близу до потребното“, но дека вакцините против корона ќе им помогнат на луѓето да се вратат во нормала.

  • Кога нè погоди пандемијата, сфативме дека тоа е глобален проблем и дека мора да организираме ресурси на светско ниво. Многумина помогнаа, особено Велика Британија, Франција и Соединетите Држави, кои заедно со Светската здравствена организација и нашата фондација рекоа: Добро, што можеме да сториме? – рече Гејтс во интервју за „Sky News.
  1. CEPI (Коалиција за иновации во подготвеност за епидемија) помогна во истражувањето на вакцините, GAVI (Сојуз за вакцинација) купи вакцини, а Глобалниот фонд финансираше терапии засновани на кислород. Тоа го стори нашата фондација, ги искористи сите дополнителни ресурси и ги координираше на глобално ниво – рече основачот на Мајкрософт.

Гејтс оцени дека тоа е исклучително важно затоа што светот не се подготвува за пандемија дури и близу до потребното.

  • Учевме по пат, но јас би рекол дека, делумно поради она што го стори нашата фондација, а делумно и поради парите што ги обезбедија САД за развој и истражување, сега имаме вакцини и гледаме дека на оваа пандемија ќе и дојде крајот, рече Гејтс.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести