16 C
Skopje
четврток, април 22, 2021
spot_img

СТРАШНО: Во Индија се регистрирани 314.835 новозаболени во последните 24 часа

Индија денес забележа најголем број на случаи во еден ден досега, и тој црн рекорд не се однесува само на најнаселената земја во светот, туку на целата планета од избувнувањето на пандемијата, затоа што се регистрирани 314.835 случаи.

Досега, според Ројтерс, најголемиот број на пациенти во еден ден биле 297.430 во САД, иако сајтот „worldometers.info“ од Вашингтон тврди дека на 8 јануари во САД биле заразени 307.851.

Бројот на мртви е исто така рекорден во Индија, бидејќи починале 2.104 лица, па вкупниот број на смртни случаи е 184.657, според податоците на Министерството за здравство, а од почетокот на пандемијата, 15,93 милиони жители на таа азиска земја се заразени.

Врховниот суд на Индија јавно ја критикуваше централната влада за лошото снабдување со кислород во болниците, а во средата бројот на починати беше поголем од 200 во Њу Делхи, објави ВВС.

  • Ова е ужасно. Ние сакаме да знаеме што прават во болниците во врска со снабдувањето со кислород низ целата земја, прашаа судиите на Врховниот суд, откако оценија дека одговорноста на владата е да „моли, да позајмува, па дури и да краде“ резерви на кислород ако е потребно .

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести