16 C
Skopje
четврток, април 22, 2021
spot_img

Измамена 90 годишна баба во Хонг Конг, одземени и се 26 милиони евра

Тие се претставија како државни службеници кои испитуваат измамами и рекоа дека треба да им ги предаде сите заштеди.

90-годишна жена од Хонг Конг била нападната од измамници кои ѝ одзеле 250 милиони долари г (околу 26,6 милиони евра) претставувајќи се како кинески официјални лица, соопшти полицијата.

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека криминалците се претставиле како службеници за јавна безбедност кои истражуваат кривично дело во Кина.

Ѝ било кажано дека нејзиниот идентитет е украден и дека се користи во Кина.

Потоа ѝ било речено да плати 11 депозити на нејзината банкарска сметка помеѓу август и јануари – со цел да ѝ помогне на наводната истрага.

Инспекторите уапсиле 19-годишен маж кој подоцна бил ослободен со кауција.

Според локалните медиуми, изманената жена за првпат била контактирана во август минатата година од некој што се претставил како службеник од континентална Кина.

Измамниците потоа отишле во нејзината куќа и ѝ дале телефон со кој може да комуницира со нив.

Инцидентот е откриен кога една куќната помошничка, ја предупредила ќерката на 90-годишната жена дека се случуваат „необични активности“.

Старицата живее со неколку членови на помошниот персонал во куќа во најбогатото маало во Хонг Конг – Пика.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести