3.8 C
Skopje
петок, декември 8, 2023

Еве колку дена можете да ги јадете велигденските јајца

Се ближи еден од најголемите христијански празници Велигден, а вапсаните јајца се она што го облежуваат овој празник. Домаќинките веќе се подготвуваат и размислуваат како да ги бојадисаат јајцата, но и да го декорираат домот. Но, не е се само во боењето јајца, она што треба да го знаете пред овој празник е и тоа колку долго истите се чуваат и се безбедни за консумирање јајцата.

Доколку адекватно се чуваат, тврдо варени јајца можат да се јадат неколку дена, без страв од евентуално труење. Како што наведуваат нутриционистите, варените јајца можат да се јадат седум дена од денот на варење. Можат да стојат и вон фрижидер, но сепак се препорачува да се чуваат на ладно место, или во фрижидер.

Како да препознаете дали јајцето е свежо?

Свежoто јајце потешко се лупи од она кое е постаро од седум до десет дена.

Во чаша со вода ставете свежо јајце. Ако падне на дното или со врвот се сврте кон површината, свежо е, а доколку е на површината, треба да се фрли бидејќи е расипано. Јајцето кое половина е на површината на водата, може да се користи, но не е целосно свежо. Тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите, бидејќи со варење се мие заштитната обвивка ги отвара порите на лушпата отворајќи влез за бактериите.

Јајцата се вкусен и хранлив оброк. Содржат протеини и голем број витамини и минерали, со што можат во целост да го заменат месото. Лесно се варат и релативно се со ниска калорична вредност.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img